www.account.com.mkАгенција за финансиско - сметководтсвени услуги
 

За нас и нашиот тим


Нашиот тим е препознатлив по професионалниот пристап кон работата и по нивната љубезност и непосредност во комуникацијата со нашите клиенти.Долгогодишното искуство, ангажирањето на професионален тим и целосната посветеност, беше пресуден фактор во воспоставување одлична соработка со нашите клиенти која трае до денес.

Постојаниот раст им го должиме на довербата и подршката, која ни ја дадоа корисниците на нашите услуги, нашите долгогодишни ценети партнери.Нашиот стручен тим е организиран да го води целокупниот финансиско-сметководствен процес на нашите клиенти. Врши изработка на пресметки и извештаи, кои се законска обврска за компаниите и нивна достава до надлежните институции.

Пратењето на законските прописи и нивни измени, нивна соодветна примена, како и електронската комуникација со нашите клиенти е дел од секојдневието на нашиот тим.Нашиот тим е спремен да одговори на сите ваши барања од областа на сметководството.

Нашата стручност ја надополнуваме со постојаниот контакт со наши надворешни консултанти и соработници од специјализирани консалтинг куќи, како и со посета на стручни семинари.
Нашиот тим е успешен во застапувањето пред органите на УЈП и е подготвен да ги превземе сите дејствија околу законските обврски на вашиот бизнис.